петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Царовска да ги послуша аргументите на луѓето од МАНУ, ПМФ и другите факултети и да не го наметнува својот непроверен експеримент во образованието

Милошоски: Царовска да ги послуша аргументите на луѓето од МАНУ, ПМФ и другите факултети и да не го наметнува својот непроверен експеримент во образованието

На денешната изјава за медиуми, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, Антонијо Милошоски беше прашан неколку прашања за актуелните теми во Македонија.

Едно од тие прашања беше во врска јавната дебата за концептот за образование.

– Има две страни, едната е ароганцијата на Мила Царовска и другата е ставот на ПМФ, МАНУ, на педагозите, студентите и наставниците во основните училишта. Нашето мислење е дека ставот на овие реномирани институции како што се МАНУ, ПМФ, како што се другите факултети имаат поголемо право отколку ароганцијата на министерката и сметаме дека е добро да ги послуша аргументите на овие умни луѓе, да направи компромис и да не го наметнува овој непроверен експеримент во образованието, истакна Милошоски.

Најнови вести