среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зошто на Заев му смета „Македонец“ во личните карти, има ли Заев „тројански коњ“ во опозицијата?

Зошто на Заев му смета „Македонец“ во личните карти, има ли Заев „тројански коњ“ во опозицијата?

По забраната на термините “Македонија” и “АСНОМ”, Заев во нов поход на забрани, овој пат на терминот македонец или македонка во личните карти на граѓаните. Имено законот за лични карти кој е предложен во Собранието предвидува вметнување на националноста односно етничката припадност во личните карти на граѓаните. СДСМ официјално прифаќа, ама неформално кочи се по однос на овој закон. Причината за тоа е како што неофицијално дознаваме притисок на грчките политичари на кој им смета таа придавка.

Идентитетот не е бетон, пука на секој предивик

Заев не сакал да пишува етничка припадност во личните карти поради тоа што не сакал да ја разгневи грчката влада. Тоа било и причина за искрење во самата владина коалиција.

За ВМРО-ДПМНЕ неприфатливо е што на Заев му смета да стои во личните карти графата националност, македонец или македонка. Ова е продолжување на неговата антимакедонка политика велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Денес ова го коментираше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски кој спомена дека припадноста е прашање на достоинство и нема ништо спорно таа да биде напишана во личните карти.

Левица на Димче Апасиев „тројанскиот коњ“ на Заев во опозицијата?

Левица ќе кочи, Заев ќе фали, ова накусо ќе биде стратегијата на Заев за законот за лични карти велат познавачите на состојбите. Левица поднесе 1.200 амандмани на законот за лични карти со што го блокираше неговото донесување.

Она што е претходно познато дека на собраниска говорница Заев призна дека го помогнал Апасиев против Мицкоски. Тој тогааш праша: Да ве прашам дали е вистина или шпекулација дека јас и вие сме се договориле да ви ги обезбедиме сите ресурси на изборите само да одземете гласови од ВМРО-ДПМНЕ и при тоа да дадете директен одговор дали е вистина или шпекулација дека договоривме да нѐ поддржувате понатаму ако освоите пратеник.

Заев призна: Го помогнав Апасиев за парламентарните избори против Мицкоски (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев по прашањето од Димитар Апасиев дали е вистина дека се обидел да купи пратеници, му рече дека тоа е исто како тој да го праша дали е вистина или шпекулација дека СДСМ и обезбедила ресурси на Левица за да и одземе гласови на ВМРО-ДПМНЕ.

-Не може ем да обвините ем да избегнете одговорност за обвинувањата. Лидер во опозиција вади докази и ги вади во јавноста. Тоа е исто како да ве прашам дали е вистина или шпекулација дека јас и вие сме се договориле да ви ги обезбедиме сите ресурси на изборите само да одземете гласови од ВМРО-ДПМНЕ и при тоа да дадете директен одговор дали е вистина или шпекулација дека договоривме да нѐ поддржувате понатаму ако освоите пратеник. Вака реторички прашања нема да ве однесат никаде на функција туку ќе ја разобличите една левичарска идеја. Знам ве гледам се борите, сам сте и тоа е во ред, но вака не. Вака нема да постигнете ништо, ова не му личи на политичар и пратеник, рече Заев.

Најнови вести