недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Корона вирусот коси во Македонија – црн биланс со починати

Корона вирусот коси во Македонија – црн биланс со починати

Власта целосно потфрли со КОВИД пандемијата покажува статистиката на страницата на Ворлдометар.

Кога станува збор за починати лица на милион жители споредбено со соседните земји, Македонија е прва, но кога станува збор за набавка на вакцини против КОВИД 19, Македонија е последна.

Имено, според податоците, Република Македонија и понатаму е на врвот кога станува збор за број на починати на милион жители споредбено со земјите од соседството.

Според бројките Македонија има 1441 починат на милион жители споредбено со Бугарија која има 38 помалку починати на милион жители или 1403. Со двојно помалку од Македонија починати на милион жители се Република Грција и Република Албанија, кои имаат 595, односно 550 починати на милион жители, додека пак Република Србија има скоро три пати помалку починати на милион жители споредбено со Македонија.

Овие бројки ја отсликуваат реалноста со КОВИД 19 кој забрзано си го зема својот данок, но и неспособноста на власта и министерот за здравство Венко Филипче да се справи со спречување на ширење на болеста. Додека во соседните земји имунизацијата на населението започна уште пред нова година и веќе непречено се одвива, во Македонија дури денеска започна со вакцините на Фајзер кои пристигнаа од Србија.

На самиот почеток, Грција обезбеди 26.090.000 дози, што одговара на вакцинирање на 15.450.000 граѓани, Република Албанија на почетокот обезбеди 500.000 или се вакцинирале 250.000граѓани, а процесот на имунизација на населението продолжи, односно како што информираат медиумите пред шест дена пристигнала трета доза на вакцини.

Од друга страна пак, Србија која има најмал број на починати на милион жители, има најголем број на вакцинирани граѓани, а според информациите во јавноста Србија е прва земја во Европа по број на вакцинирани граѓани.

Додека министерот за здравство на Бугарија Костадин Ангелов изјави дека Бугарија ќе нарача дополнителни три милиони вакцини, министерот Венко Филипче се фали со пристигнати 4630 вакцини кои ќе стигнат за едвај 2315 граѓани да се вакцинираат.

Најнови вести