вторник, 2. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ѓоковиќ : За повредата после турнирот

Ѓоковиќ : За повредата после турнирот

Српскиот тенисер и светски рекет број.1 Новак Ѓоковиќ избори пласман во финалето на Австралија Опен каде ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Данил Медведев и Стефанос Циципас.

Ѓоковиќ во полуфиналето лесно се справи со дебитантот во оваа фаза Аслан Карацев совладувајќи го со 3-0 во сетови со 6-3, 6-4 и 6-2.

-Кој и да ми биде противник ќе биде подготвен за битка најтешката досега на турнирот. Двајцата се во одлична форма. Медведев има 20 победи по ред, игра феноменално. Циципас одигра фантастично против Надал, да се вратиш против Рафа од 2-0 е неверојатен подвиг. Знам дека двајцата од претходно не се сакаат и дека имаа несогласувања на теренот, па мислам дека ќе биде многу напнато. Тоа е големо ривалство. Ќе го гледам тој натпревар и ќе уживам. Ќе тренирам во недела кога ќе го познавам противникот – истакна Ѓоковиќ по пласманот во финалето .

–  Секако, самодовербата е поголема поради тоа. Никогаш не сум изгубил во финале или полуфинале и тоа ме прави порелаксиран на теренот. Секоја година е различно и психички влијае на мене и на противниците, но се чини дека има позитивен ефект, -истакна Србинот кој не сакаше да зборува за повредата поради која многу се говореше во изминативе денови.

-Не, нема да зборувам за тоа. На крајот на турнирот – заврши Ѓоковиќ.