вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Принцот Филип една недела е во болница

Принцот Филип една недела е во болница

Принцот Филип, 99-годишниот сопруг на британската кралица Елизабета седум дена е хоспитализиран и добро се чувствува, јавија британските медиуми.

Војводата од Единбург минатиот вторник беше хоспитализиран во лондонската приватна болница „Крал Едвард Осми“.

Кралицата и нејзиниот сопруг примија прва доза од вакцината против Ковид-9, но влошената здравствена состојба не е поврзана со вакцината.

Принцот Вилијам вчера изјави дека неговиот дедо е добро и оти ја има целата потрбна нега.

Принцот Филип во 2017 година престана да извршува јавни функции, а неговите официјални должности ги презедоа другите членови на кралското семејство.