понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Рекорден број новозаразени во Белгија

Рекорден број новозаразени во Белгија

Институтот за јавно здравје на Белгија соопшти дека е регистриран рекорден број новозаразени во земјата, за прв пат од средина на декември.

Со 3.521 новозаразени регистрирани на 8 март, Белгија, после период на релативна стабилност, постигна нов рекорд за првпат од средината на декември. Станува јасно дека Белгија се движи кон нов подем на коронавирусот.

Иако стапката на позитивност на тестовите останува стабилна, загрижува стапката на репродукција на вирусот која сега изнесува 1,02, што покажува дека вирусот дефинитивно побрзо се шири.

Властите не се прекумерно загрижени затоа што бројот на хоспитализирани не се зголемува, што значи дека има доволно место во болниците за сега. Но со постепеното олеснување на мерките прашање е дали и оваа бројка ќе остане стабилна.

Што се однесува до процесот на вакцинација во Белгија, до сега 5,8 отсто од населението примило барем една доза, а 3,1 отсто двете дози.