четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во училиштата се спроведе партиско гласање, кривична одговорност за Царовска

Во училиштата се спроведе партиско гласање, кривична одговорност за Царовска

Цела година училиштата се под клуч, освен за првите три одделенија. Илјадници ученици седат дома, на онлајн настава и родителите мака мачат да им обезбедат услови за следење и учење.

Но, училиштата беа отворени за вчерашното партиско гласање во кое членовите на СДСМ гласаа за единствениот кандидат – Зоран Заев.

Во затворен простор наменет за настава, власта на СДСМ си направи гласачки места среде епидемија.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, не направи ништо за да се обезбедат услови дечињата да се вратат во училишните клупи. Но, за своите сопартијци од СДСМ веднаш најде начин да се реализира гласање.

Но, според членот 11 од законот за основно образование во сите основни училишта се забранува ПОЛИТИЧКО и верско организирање и истакнување на партиски и верски обележја.

Министерката за образование ако не го заборавила овој закон и со тоа директно е вклучена во негово прекршување, треба да знае дека за ова треба кривично да одговара.

Најнови вести