четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Проф. д-р Панов: Царовска сега може и да го укине „Сердарот“, заради истите историски факти врз кои е пишуван исто како учебникот по географија кој го повлече

Проф. д-р Панов:  Царовска сега може и да го укине „Сердарот“, заради истите историски факти врз кои е пишуван исто како учебникот по географија кој го повлече

Професор доктор Никола Панов еден од авторите на учебникот по Географија кој беше повлечен од министерството за образование, вечерва во Алфа телевизија, во „Што не е јасно“, истакна дека по укинување на учебникот по географија царовска сега може да го укине и Сердарот заради историските факти и качачките банди кои пљачкосувале низ Македонија, што е историски факт.

Професорот Панов направи споредба со укинување на неговиот учебник по национална географија заради податоци кои постојат во него дека на некого му сметаа, со „Сердарот“ на Григор Прличев затоа што и неговите пишувања се за качачките банди кои ја пљачкосувале Македонија, што е историски факт.

Сега може Царовска да го укине и Сердарот затоа што е пишуван за качаците, или да излезе некој друг и да каже Сердарот не важи и нема да биде изучуван во македонската литература, иако има добиено ловогов венец како награда, тоа не личи на ништо, вели Панов.

Најнови вести