сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Градоначалникот на Кисела Вода е позитивен на коронавирус

Градоначалникот на Кисела Вода е позитивен на коронавирус

Градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, е позитивен на коронавирус.

Тој ја соопшти веста на социјалните мрежи, каде посочува дека се чувствува добро и се надева дека така и ќе остане.

– Во текот на вчерашниот ден појавив благи симптоми на Ковид 19, по што денес направив ПЦР тест кој покажа дека сум позитивен на ковид-19. Се чувствувам добро и се надевам дека состојбата нема да се промени, а симптомите ќе бидат сведени на минимум. Се извинувам доколку ненамерно некому сум ја пренел болеста без да знам, напиша Темелковски.

Најнови вести