понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Повторно судијата главна ѕвезда: Рома не доби два пенали, фудбалерот на Ливерпул не доби чист црвен картон (ВИДЕО)

Повторно судијата главна ѕвезда: Рома не доби два пенали, фудбалерот на Ливерпул не доби чист црвен картон (ВИДЕО)

Рома го победи Ливерпул вчера со 4:2, но сепак тоа не беше доволно, тимот од главниот град на Италија испадна затоа што „црвените“ првиот меч го добија со 5:2. Но кој знае што ќе беше доколку Скомина досудеше два пенали кои ги имаше за Рома и доколку му дадеше црвен картон на Арнолд- Александер , кој одбрани гол со рака.

Повторно лошо судење во Лигата на шампионите, и тоа повторно во фаза како што се елиминациите, каде еден потег може се да реши. Од натпревар во натпревар се повторуваат неверојатните грешки, а откако завчера Баерн беше „уништен“ во дуелот со Реал, истото вчера и се случи и на Рома.

Главниот судија Дамир Скомина, вчера не свирна два чисти пенали кои на крај можеби на Рома ќе и го донесоа тој неверојатен пресврт кој тие го сакаа, а кај едниот Арнолд- Александер требаше да добие и црвен картон. Рома победи со 4:2, а Ливерпул со вкупни 7:6 се пласираа во финалето.

Веднаш по стартот на второто полувреме, Кариус во својот казнен простор го сруши Џеко и Рома ќе добиеше пенал, доколку не беше помошниот судија кој го крена знаменцето, тврдејќи дека Џеко е во офсајд.

Беше тоа потполно погрешна одлука, што покажа и повторената снимка, а се случи при водство на Ливерпул од 2:1. Следниот превид се случи во 63 минута кога Арнолд- Александер со рака го одбрани ударот на Ел Шарави, при резултат 2:2.

Судијата воопшто не се огласи.