понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Прво Јувентус, сега и Рома: Италијанците грмат- повторно украдени, срамота, вака веќе не може

Мора да воведеме ВАР  во Лигата на шампионите затоа што тоа е фундаментално. Не знам зошто УЕФА уште тоа не го не го направила, мислам дека е навистина потребно затоа што денеска можеме да се шегуваме како во финалето требаше да играат Баерн и Рома, велат од италијанскиот тим
Прво Јувентус, сега и Рома: Италијанците грмат- повторно украдени, срамота, вака веќе не може

Апсолутно на сите им е јасно дека ВАР е потребен во Лигата на шампионите. Вакви работи се недозволиви, срамотни, па ова не е шега… Сите знаеме дека на судиите им е тешко на теренот, но голема срамота е да испаднеме на овој начин, изјави претседателот на Рома, Џејмс Палота и додаде:

-Покрај тоа, Ливерпул требаше да добие црвен картон во 63 минута, беснееше по натпреварот со Ливерпул Палота.

Вистина е дека словенскиот судија, Дамир Скомина немаше свој ден. На римјаните Скомина не им досуди два чисти пенали, кои на крајот можеби ќе им го донесеа неверојатниот пресврт на кој се надеваа, а кај еден од тие пенали Арнолд- Александер требаше да добие и црвен картон.

Рома победи со 4:2, но Ливерпул се пласираше во следната фаза со 7:6.

Повторно судиите беа во главна улога, откако и ден претходно беше иста ситуацијата исто така поради слабото судење на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен.

-Време е малку да бидеме погласни! Не е само Рома тешко оштетена, тоа му се случи и на Јувентус против Реал Мадрид. Италијанскиот фудбал мора да го крене својот глас зошто она што го видовме вечерва е шокантно. На Енфилд третиот погодок го примивме од офсајд, овде не ни беа свирени два чисти пенали. Шпанец сум, дојдов во Италија пред една година, но ова што им се прави на италијанските клубови не е нормално, грмеше и Мончи, спортскиот директор на Рома.

Мора да воведеме ВАР  во Лигата на шампионите затоа што тоа е фундаментално. Не знам зошто УЕФА уште тоа не го не го направила, мислам дека е навистина потребно затоа што денеска можеме да се шегуваме како во финалето требаше да играат Баерн и Рома, заврши Шпанецот.

И Италијанските медиуми жестоко удрија по УЕФА. Самата насловна страна на тиражниот „Кориере Дело Спорт“ паѓа во очи со насловот.

-Нова неправда!

После испаѓањето на Јувентус кога го обвинија Мајкл Оливер за поминувањето на Реал, Италијанците во најмала рака не се најсреќни со судењето на Дамир Скопмина.

Судиите според нивното видување ја уништиле секоја амбиција на калчо тимовите за напад на Лигата на шампионите.