четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Царовска со нови лаги за Концептот и пропадна лагата за финскиот модел сега манипулира со ПИСА тестирањето

Царовска со нови лаги за Концептот и пропадна лагата за финскиот модел сега манипулира со ПИСА тестирањето

Ако ништо драстично не се промени, очигледно дека владата од септември ќе се започне со новиот Концепт за основно образование со кој ќе започне и неговото и уништувањето на идните генерации.

И како таков штетен Концепт како и од самиот почеток, така и сега МОН и министерката Мила Царовска се обидуваат да го оправдаат преку лаги спротивно на сите препораки и укажувања за штетноста.

Откако досега беа демаскирани сите лаги дека е по некаков фински модел и дека го има во други држави, сега се оди на нова лага дека така учениците ќе добиеле подобри резултати на ПИСА тестирањето.

– Учениците кои наесен ќе почнат да учат по новата Концепција за основно образование, кога ќе завршат деветто одделение, во прва година на ПИСА тестовите ќе покажат какви резултати дава новата Концепција, изјави министерката Царовска во интервју за Радио Слободна Европа.

Но, дали е така? ПИСА тестирањето го организира Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во соработка со УНИЦЕФ и токму тие се против ваков Концепт на образование и вакво спојување на предмети како што намерава МОН. Всушност тоа го потврди и самиот поранешен министер за образование и наука, Арбр Адеми, кој самиот рече дека од ОЕЦД строго се спротивставувале на таков чекор.

– Спојување на ликовна со музичка уметност. Јас пред 2-3 недели во Париз бев на конференција на ОЕЦД и ова беше критикувано од сите како пристап и не беше препорачливо за земјите тоа да го направат. Или спојување на природни науки со општествени науки, во еден предмет и тоа не е препорачливо. тоа што беше добро веќе е инкорпорирано, изјави Адеми за „24 Отворено“ на ТВ 24 на во декември 2019 година.

Зарем ако се даваат подобри резултати на ПИСА тестирањето со ваков Концепт каков што го планира МОН, ОЕЦД односно оние кои го организираат ќе беа ли против? Но во случајов се.

Зошто МОН и Царовска упорно се обидуваат да смислуваат лаги кои се лесно проверливи особено во ова време кога сите информации и архиви се достапни? Упорно се оди со глава во ѕид кон експериментирање на македонското образование и тоа без барем да се спроведе пилот тест, за ефектите на истото. Без никакви подготовки, без посебна стратегија, со така набрзина лошо креиран и преведен Концепт се оди кон уништување на образованието.

Всушност за истото се изјаснија и УКИМ и МАНУ со официјални ставови кои во повеќе наврати се обидоа да и укажат на власта дека овој Концепт е погрешен и не смее да се инкорпорира.

Сепак и покрај укажувањата на сите релевантни научни и образовни институции во државата, власта не запира со обезличувањето на македонското образование вклучително историјата во едно вакво време кога истата се обидуваат да ни ја избришат.

Најнови вести