вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ќе сноси ли Царовска одговорност, учебната години се ближи кон крајот а илјадници ученици останаа без настава?

Ќе сноси ли Царовска одговорност, учебната години се ближи кон крајот а илјадници ученици останаа без настава?

Ќе сноси ли министерката за образование, Мила Царовска одговорност затоа што учебната година веќе изминува а илјадници ученици останаа надвор од образовниот процес!? Станува збор за околу 20 илјади ученици од основно и средно образование кои уште од почетокот на, и така пролонгираниот почеток на учебната година, немаат елемантарни услови за наставата да ја следат од дома, бидејќи министерката одлучи образовниот процес, за учебната 2020-2021, да се одвива на далечина преку интернет.

Проблемите се јавуваат од немањето економска можнос на родителите да обезбедат интернет и комјутери за своите деца. Проблеми имаат и многудетните семејства чиишто деца, истовремено треба да се прикчучат на часови, а комјутери или телефони за сите деца, немаат.

Таков е и примерот со учениците во село Огњанци во опшина Петровец. Таму, голем дел од учениците во основно училиште „Кочо Рацин“ немаат економска можност, односно ИТ уреди и интернет за да се вклучат во онлајн настава.

Речиси 80% од учениците во основно училиште „Кочо Рацин“ во село Огњанце општина Петровец немаат економска можност да се вклучат во онлајн настава. Како што вели раководителот на училиштето, Ахмет Незири, многу семејства имаат три или четири деца во училиште а поседуваат само еден телефон. Со цел децата да не губат часови, училиштето им дозволи во мали групи и според протоколи, физички да доаѓаат во училиштето за да се консултираат со наставниците и да добиваат пишани материјали.

„Во консултација со колегите сметавме дека на овој начин тие навистина немаат средства за поврзување онлајн. Овозможивме на овој начин да има физичко присуство, според протоколите, по тројца ученици им даваме материјали, некакво објаснување, но многу малку, наставниците го даваат материјалот и ги ослободуваат учениците да се вратат дома”, вели за Алсат телевизија раководителот на училиштето.

Учениците доаѓаат на училиште физички еднаш неделно. Како што велат, овој начин на учење е единствената можност да не се изостави процесот на учење.

Во приградското училиште „Кочо Рацин“ од село Огњанце, учат околу 180 ученици од прво до деветто одделение. И покрај малиот број ученици и паралелки со помалку од 20 ученици, Министерството за образование не дозволи ова училиште да спроведува образование со физичко присуство за ученици од четврто до деветто одделение.

Ситуацијата е слична и по другите училишта низ државата особено во училиштата во руралните средини, каде што и приклучувањето на интернет врска е многу потежок процес. Имено, градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари пред извесен период во телевизиско гостување истакна дека иако од министерството тврдат дега над 90% проценти од учениците следат настава преку интернет, ситуацијата во реалноста е сосема различна. Тој посочи дека само во неговата општина околу 80 отсто од учениците немаат можност за следење онлајн настава.

За разлика од ситуацијата на терен каде што голем дел од учениците останаа надвор од образовниот процес, Министерството за образование, особено министерката Мила Царовска, постојано повторува дека над 90% од учениците биле успешно вклучени во онлајн учење.

Најнови вести