понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Претседателот на Рома ќе биде казнет од УЕФА

Претседателот на Рома ќе биде казнет од УЕФА

Претседателот на Роам, Џим Палота, се соочува со казна од УЕФА за неговото однесување за време на реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Ливерпул, одиграно во средата вечерта.

„Црвените“ ги отстранија „волците“ по вкупен резултат од 7:6 од двата натпревари.

Европскиот фудбалски штаб го обвини Палота за „невоздржани реакции“. Случајот ќе биде повторно разгледан на 31 мај, по финалето на најпрестижниот клубски турнир во светот.

Претседателот на италијанскиот клуб беше бесен на судиите, вклучувајќи и за играта со рака во шеснаесетникот на Ливерпул на Трент Александар-Арнолд.

Палота во изјава за медиумите веднаш по мечот побара побрзо воведување на видео повторувања (ВАР) на спорните ситуации.

Во финалето во Киев на 26 мај, Ливерпул ќе се соочи со актуелниот шампион Реал Мадрид.