среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

20 илјади вистински ЕМБ фантоми на Заев за лажни победи на СДСМ?!

20 илјади вистински ЕМБ фантоми на Заев за лажни победи на СДСМ?!

Победи ли СДСм во 2020-та? Победи ли и во 2019-та? А што е со 2017-та? За 2016-та знаеме дека не победија, но само затоа што тогаш не беа на власт. Сите овие три „победи“ во низа сега се ставени под голем знак на прашалник, особено по обелоденувањето на аферата со најмалку 20 илјади дупли матични броеви во Македонија.

Фактите се следните:
327.408 или 35.89% од освоените гласови на СДСм наспрема 315.344 гласа за ВМРО-ДПМНЕ или 34.57% од вкупниот број гласачи кои гласале н предверемените парламентарни избори на 15 јуни 2020-та година. Тесна, најтесна победа на Социјалдемократите од северна со 12.000 гласа? Навистина, беше ли победа? Или, сепак, некој пак нешто местеше, по навика?

Денеска знаеме дека најмалку 20.000 луѓе во државата имаат двојни/дупли матични броеви. Најмалку 20.000 фантоми. Вистински, не ко оние измислените на Шеќеринска.

Во превод, најмалку 20.000 можеле да си гласаат двојно на изборите во 2020-та. Прашањето не е дали некој се сомнева, имајќи предвид со кого си имаме работа кај актуелната власт, се подразбира дека гласале, прашањето е само која на крајот ќе испадне реалната бројка на фантомски гласачи на СДСм во изминатите години.

Математички, состојбата е ваква – 327.408 минус фатените 20.000 дупликати е еднакво на 307.408 гласа за СДСм. А ВМРО-ДПМНЕ имаше 315.344 гласа (според ДИК).

А и тогаш, очебијно, не случајно падна системот на ДИК?!

Во превод, сакал некој да признае или не, но на изборите во 2020-та, исто како и во 2016-та и исто како и години и години наназад, победи ВМРО-ДПМНЕ.

А, ако се сомневате во мафијашките методи на СДСм и на нивната умешност во извитоперување на резултатите, не мора да си припомните на дупликат-пасошите за ИСИС терористи и нарко босови во „Мафија“, ниту на „Нарко-картелот Заеви“, иако тука се и Катица Јанева, Боки, Дончев, Богоевски, Рашковски (со кого сега глумат правна држава), Димова, Ременски, Дудуш, Боро Малборо… Но не, доволно е само да се сетите дека на Референдумот за името, кој беше перверзен од самиот старт со прашање кое не би минало никаде во светот, Заев и СДС загубија 3:1 од народот кој рече гормогласно НЕ, резултат кој Заевци го претставија како, верувале или не, победа на „храбрите“?! Поверојатно, најуценетите и празноглавите…

Сетете се и на неверојатните локални избори во 2017-та, тотално нелогични според резултатите на терен, кои завршија со асли чудна победа на СДСм, акт кој не случајно беше потребниот ветер во едра за промена на името и уставот на државата, носењето на тотално неаргументираната двојазичност и други антинационални чекори.

После се што уништија на национален план, СДСм и во 2019-та, на претседателските избори, кога сите нормални во Македонија очекуваа силен пораз на Стево Пендаровски, понављачот од претходната загубена битка со Ѓорѓе Иванов, тогаш победи со над 50.000 гласови плус, на изненадување на сите. Или, сепак, тоа и не беше изненадување за некого?!

Се сеќавате како Заев и Шеќеринска лажеа за 500.000 фантомски гласачи? Знаеја ли нешто што никој не го знаеше, така барем испаѓа по обелоденувањето на аферата со најмалку 20 илјади вистински фантоми со дупли матични броеви, кои сега врхушката на СДСм не ги спомнува.

Логично прашање е и дали затоа партијата од Бихаќка толку време бега од воведувањето отисок од прст при гласањето (фингерпринт машините)?

Уште пологично е, дали фантомите на СДСм беа оние кои навасуваа во „бранови“ при гласањата кога се рушеа рекордите со брзина за Гинисова книга на рекорди?

Затоа ли секогаш се чекаше мрак, како и на последните предвремени парламентарни избори, за да се променат резултатите во матното и со помош на 20-те или многу повеќе илјади фантоми на Заев?

Испаѓа ли дека , сепак, кампањата „Можеме“ и не е така утната?
Да, можат да наместат избори, 20-те илјади дупли матични броеви (најмалку) го потврдуваат нивниот слоган во кампањата. Дефинитивно МОЖАТ.

А „највистинското“ прашање не е дали, туку колку нови афери ќе се разоткријат до и особено по паѓањето на оваа некадарна криминална власт…

Љупчо Цветановски

Најнови вести