сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Индија: Во пожар во болница настрадаа 13 пациенти, состојбата во земјата е критична

Индија: Во пожар во болница настрадаа 13 пациенти, состојбата во земјата е критична
epaselect epa09154098 Health workers move a suspected COVID-19 patient (C) outside the Vijay Vallabh COVID care hospital in the aftermath of a fire, in Virar West, on the outskirts of Mumbai, India, 23 April 2021. At least 12 patients who were being treated for COVID-19 died after a fire broke out inside the ICU ward of the hospital. EPA-EFE/DIVYAKANT SOLANKI

Во болница во западна Индија рано утринава избувна пожар во кој загинаа 13 пациенти заразени со Ковид-19, во услови кога во земјата е регистриран најголем скок на новоинфицирани од почетокот на пандемијата.

Пожарот избувна на денот кога во Индија беа заразени 332.730 луѓе, што не се случило во ниту една земја досега од почетокот на пандемијата.

Пожарот избувна во болницата во Вирар, во предградие на Мумбаи, и се случува само два дена откако во друга болница, во градот Нишак, во државата Махараштра, починаа 22 пациенти на апарати за дишење бидејќи имало истекување на кислород во болницата, пренесуваат американските медиуми.

-Огнот се појави и прошири на Одделот за интензивна нега на вториот кат од болницата и набрзо беше изгаснат, а пациентите со кислородна поддршка беа префрлени во блиските болници, изјави директорот на болницата Вијај Валаб.

Тој додаде дека во болницата имало 90 пациенти, а се наоѓа на околу 70 километри северно од Мумбаи, финансискиот центар на Индија.

Полицијата ги истражува причината за хаваријата, но засега е познато дека на пожарот му претходела експлозија на Одделот за интензивна нега, пренесува агенцијата ПТИ.

Во Индија денеска се регистрирани нови 332.730 инфицирани лица, што досега не се случило во ниту една држава од светот, јавуваат британските медиуми. Со оваа бројка, Индија надмина 16 милиони заразени.