среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се зголемува отпорот против Царовска, учениците не сакаат дигитални учебници!

Се зголемува отпорот против Царовска, учениците не сакаат дигитални учебници!

Засегнатите ученици, но и родители пружат се поголем отпор и се погласно се спротивставуваат на одлуките на министерката за образование, Мила Царовска за во училиште место од печатени учебници да се учи од дигитални.
Група на родители именувана како „Книги и настава мора да има“ формирана на Фејсбук од пред околу една недела и која брои веќе над 70 илјади членови, најави бојкот на часовите во четврток. На овој начин тие сакаат да го искажат својот револтот против нацрт-законот за дигитализација на учебниците.

Администраторот на групата, Драгана Спасевска која со група поддржувачи од пред МОН изјави дека освен бојкот, се бара прекинувањето на процедурата за донесување на законот, одобрување на протоколи за враќање на учениците во училиштата, повлекување на концептот за спојување на наставните предмети и вклучување на професионалци во подготовка на законите.

-Компјутерот не може да биде алатка за учење со целосно игнорирање на книгата. Има деца со здравствени проблеми со очите, имаат попречености. Тоа е сериозен проблем, тие не може ни од книги да учат, а камо ли со компјутер. Некој нема ниту услови, рече Спасевска која ги преставување над 70 илјадитите членови на иницијативата за оставување на печатените учебници и враќање на сите ученици во училишните клупи.

Освен ова, родителите исто така бараат навремено да бидат информирани за содржината на учебниците.

И од Средношколскиот сојуз се против укинувањето на печатените учебници. Претседателот на Сојузот, Бленди Ходаи смета дека образовниот систем мора да ги почитува индивидуалните желби и преференции на секој ученик, зашто секој има различен начин на учење – некои преферираат од учебник, а други од дигитални уреди.

Тој додава дека според нивни информации, нема ниту една земја која целосно користи дигитални учебници во наставата и дигиталните учебници не смеат да бидат единствено решение.

Министерството за образование, пак, соопшти дека промената носи квалитет и напредок и оти поради тоа не треба да биде причина за бојкот на наставата.

Најнови вести