среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец заврши со лисици на рацете, физички нападнал полицаец!

Скопјанец заврши со лисици на рацете, физички нападнал полицаец!

На 29.04.2021 околу 12.30 часот на ул.„Финска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.П.(57) од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.