петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Официјално Жозе Мурињо е новиот тренер на Рома

Официјално Жозе Мурињо е новиот тренер на Рома

Италијанскиот фудбалски клуб Рома објави дека нов тренер на оваа екипа е Португалецот Жозе Мурињо.

Клубот на социјалните медиуми обелодени оскудна информација дека Мурињо ќе биде предводник на Рома за сезоната 2021/22.

Не се познати деталите од договорот, но со сигурност американските сопственици издвоиле голема сума на пари за годишната плата на Мурињо, која нема да изнесува помалку од десет милиони евра по сезона.