сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

EВАКУАЦИЈА ВО ИНДИЈА – повеќе од 200.000 луѓе се евекуирани поради најсилното невреме во последните две децении

EВАКУАЦИЈА ВО ИНДИЈА – повеќе од 200.000 луѓе се евекуирани поради најсилното невреме во последните две децении

Разорната бура Тауктаи, која ги погоди областите на западниот брег на индискиот потконтинент, започна да слабее денес, објави надлежната метеоролошка служба.

Десетици илјади луѓе беа евакуирани, а бурата искорна дрвја и уништи села и градови во државата Гуџарат, пишува Танјуг.

Ова беше најсилното невреме во последните две децении, проследено со налети на ветер до 210 километри на час, пренесува Ројтерс.

Повеќе од 200.000 луѓе беа евакуирани, а според официјалните извештаи, невремето однесе најмалку 16 животи и остави уништување зад себе.

Индиската морнарица потврди дека успеала да спаси 146 лица од два товарни брода во водите во близина на Мумбаи, како и дека потрагата по море со авиони и хеликоптери продолжува.