четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВКЛУЧЕН ЦРВЕНИОТ АЛАРМ: Индија се подготвува за сило невреме, евакуирани се 10.000 луѓе – се очекуваат удари до 180 километри на час

ВКЛУЧЕН ЦРВЕНИОТ АЛАРМ: Индија се подготвува за сило невреме, евакуирани се 10.000 луѓе – се очекуваат удари до 180 километри на час

Десетици илјади луѓе беа евакуирани денес во низините на двете индиски држави и се преселени во засолништата за да избегнат силно невреме кое се движи кон источниот брег на земјата.

Циклонот Јас треба да се претвори во „многу силна циклонска бура“ со брзина на ветерот до 177 километри на час, објави индискиот метеоролошки оддел, а пренесува агенцијата АП.

Циклонот се очекува утре да достигне до копното на индиските држави Одисеј и Западен Бенгал.

Циклонот, кој доаѓа во време на катастрофална епидемија на вирусот корона, само уште повеќе ќе ги комплицира напорите на Индија да се справи со двете истовремено, само 10 дена откако циклонот Таукте го погоди западниот брег на Индија и уби повеќе од 140 лица.

Илјадници луѓе одговорни за вонредни состојби се распоредени во крајбрежните региони на двете држави со задача да го евакуираат населението, рече С. Н. Прадан, директор на Индиските национални сили за одговор при катастрофи. Индиските воздухопловни сили и морнарицата се исто така подготвени да обезбедат помош. На рибарските бродови им беше кажано да се засолнат до понатамошно известување, бидејќи синоптичарите предупредуваа на големи плимни бранови.

Во Западен Бенгал, властите се обидоа да пренесат десетици илјади луѓе во засолништа за циклони, а официјалните лица истакнаа дека најмалку 20 области во земјата ќе ги почувствуваат ефектите од невремето.

Минатиот мај, скоро 100 лица загинаа во циклонот Амфан, најсилното невреме во повеќе од една деценија што ја погоди Источна Индија, вклучително и државата Западен Бенгал. Невремето срамни со земја села, уништи фарми и остави милиони без електрична енергија во источна Индија и Бангладеш.

Во вчерашното телевизиско обраќање, индискиот државен министер Одиша Навен Патнаик апелираше до луѓето кои биле префрлени во засолништата да носат двојни маски и да одржуваат социјална дистанца и побара од властите да дистрибуираат маски на евакуираните.