вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ХАОС ВО ЛОНДОН: Жестока пресметка меѓу Погба и Нобл (ВИДЕО)

ХАОС ВО ЛОНДОН: Жестока пресметка меѓу Погба и Нобл (ВИДЕО)

Вест Хем и Манчестер јунајтед ремизираа без голови на натпреварот одигран синоќа во Лондон. Иако немаше голови да го одбележат натпреварот, тој не падна во сенка на другите спортси случувања. Јунаци на вечерта беа Марк Нобл и Пол Погба.

По еден остар прекршок на Французинот на средината на теренот капитенот на Вест Хем Марк Нобл ги изгуби нервите и му се вдаде на играчот на Манчестер јунајтед. Го фати за гуша и почна да го дави, а во еден момент дури и му пикна прст во нос. Погба врати со иста мера. Веднаш се вмешаа соиграчите од двете екипи за да ги разделат, па стана хаос на теренот.

Откако се разчисти турканицата, воинствените фудбалери заработија жолти картони.