петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мартинез останува селектор на Белгија

Мартинез останува селектор на Белгија

Претседателот на Белгиска фудбалска асоцијација, Питер Босарт, изрази поддршка за селекторот на репрезентацијата, Роберто Мартинез.

– Започнуваме да се подготвуваме за есенските натпревари. Роберто Мартинез е со нас. Нема да има официјално соопштение, но нема причина да се смени стручниот штаб. Исто така, немам чувство дека Мартинез ќе поднесе оставка. Нема да има одделно оценување затоа што нашата федерација, како и секоја фирма што добро функционира, има култура на континуирано оценување, рече Босарт.

На Евро 2020, Белгијците беа елиминирани во четвртфиналната фаза, губејќи од Италија (1:2).

Белгија под водство на Мартинез е прва на ФИФА ранг-листата.