четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Руи Патрисио нов голман на Рома

Руи Патрисио нов голман на Рома

Првото засилување на Рома во мандатот на новиот тренер Жозе Мурињо е голманот на португалската репрезентација Руи Патрисио, објави денеска италијанскиот прволигаш.

Сонародникот на Мурињо ја засили Рома од редовите на англискиот прволигаш Вулверхемптон, кој ќе добие отштета во износ од 11.5 милиони евра.

– Мурињо е еден од најдобрите светски тренери и среќен сум што ќе соработувам со него. Ќе сторам сè што е во моја моќ да и помогнам на екипата во остварување на целите, изјави Патрисио по потпишување на договорот со Рома.

Триесетитригодишниот Патрисио има 97 настапи за португалската репрезентација со која во 2016 година ја освои европската титула.