среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Убедиви победи на Милан и Рома во Серија А

Убедиви победи на Милан и Рома во Серија А

Милан и Рома остварија убедливи победи против Калјари, односно Салернитана во Серија А

„Росонерите“ во првото полувреме го решија Кајлари со 4-1. Сандро Тонали ја најави победата со прекрасен гол од слободен удар во 12.минута, што за него е прв во дресот на миланскиот тим.

Кратко потоа гостите од Сардинија израмнија на 1-1, но Брахим Дијаз погоди за 2-1 многу случајно откако Рафаел Леао го погоди во грб. Потоа на сцена стапи Оливие Жиро со два гола. Првиот го постигна од игра по асистенција на Дијаз, а вториот од пенал. Салернитана изржа против Рома едно полувреме, но во вториот дел момците на Жозе Мурињо го прегазија домаќинот.

Лоренцо Пелегрини блескаше со два гола, а деби погодок во Серија А постигна и Тами Абрахам. Во листата на стрелците за „волчицата“ се запиша и Жордан Верету.