вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Експлозија на гас во зграда во Русија: Тројца загинати, шестмина повредени

Експлозија на гас во зграда во Русија: Тројца загинати, шестмина повредени

Три лица загинаа, а шестмина се повредени во експлозија на гас што се случи денеска во станбена зграда во рускиот град Јелец, соопшти службата за итна помош.

Во експлозијата се уништени осум од 16 станови, а според првичните податоци 23 лица се евакуирани.

Според извештајот на руското Министерство за вонредни ситуации, експлозијата била пријавена во 00:52 часот по локално време.

Покрената е кривична постапка за давање услуги што не се во согласност со безбедносните закони.