среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Штип – Делчево

Нормализиран е сообраќајот на магистралниот пат Штип – Делчево што беше во прекин поради сообраќајна незгода близу Кочани, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. (МИА)

Најнови вести