Кандидатот за градоначалник на Кичево, Александар Јовановски преку статус на Фејсбук денеска пишува дека заедно со носителот на советничката листа Лазе Јаќимоски и кандидатите за советници ја продолжуваат нивната теренска агенда и се заедно со граѓаните.
-Денес заедно со носителот на советничката листа Лазе Јаќимоски и кандидатите за советници ја продолжуваме нашата теренска агенда и сме заедно со граѓаните.
Се поклонувам пред вашата огромна поддршка и позитивна енергија. Само Вие сте тие кои можете да донесете промени за подобро Кичево #КичевоПредСе, стои во неговиот пост на Фејсбук.