среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Поднесена кривична пријава против млад скопјанец – вршел јавен превоз без лиценца, превезувал и мигранти

Поднесена кривична пријава против млад скопјанец – вршел јавен превоз без лиценца, превезувал и мигранти

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, реадмисија и странци Гевгелија поднесе кривична пријава против А.Д.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца” предвидено и казниво по член 284-а од Кривичниот законик.

На 28.09.2021 околу 18.30 часот, на влезот во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија, при контрола на патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, констатирале дека не поседува лиценца за вршење на авто-такси превоз и сертификат за авто-такси возач, а во возилото биле затекнати две лица државјани на Р.Куба.