четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Јовановски: Решавање на проблемот со кучињата скитници и изградба на фекална канализација во Другово и Србјани, веднаш по преземањето на функцијата

Јовановски: Решавање на проблемот со кучињата скитници и изградба на фекална канализација во Другово и Србјани, веднаш по преземањето на функцијата

Сакам да ви се заблагодарам на поддршката која што ми ја дадовте гласајќи за мене во првиот круг. Покажавте дека без разлика на национална, верска или партиска припадност не сакате да живеете во смрдеа од фекалии и диви депонии, не сакате да живеете во страв од диви кучиња скитници, и не сакате да живеете во урбан хаос, истакна Александар Јовановски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ во општина Кичево.

-Со вашиот глас покажавте дека ви е доста од корупција и беззаконие, покажавте дека сакате промени, дека сакате да живеете во почист, помирен и поуреден град.

Затоа ве повикувам здружени и посилни да излезете во што поголем број и да ја заокружиме победата во вториот круг.

Ви ветувам дека со стапувањето на функцијата градоначалник на општина Кичево веднаш ќе го решам проблемот со кучињата скитници бидејќи имам проект со изградена финансиска конструкција и соработка со активистите за заштита на животните.

Веднаш ќе пристапам кон реализација на проектот за изградба на фекална канализација во село Другово и село Србјани и решавање на фекалиите кои се слеваат во реката Сушица.

Ќе пристапам кон реконструкција на канализациските мрежи и доизградба на канализациска мрежа во бившите општини Осломеј и Зајас.

Нема да губам ниту секунда од драгоценото време во решавањето на горливиот проблем со дивите депонии и загадувањето. Ќе инсистирам да се доврши магистралниот гасовод за кој веќе имаме проект и план да го дочекаме спремни за поврзување на примарната мрежа.

Сакам да соопштам дека со сите сили се бориме да донесеме нова инвестиција во нашиот град која ќе овозможи вработување на минимум 300 граѓани, преговорите се веќе во тек.

Ве повикувам заедно во победа и подобар живот. Можеме подобро, мораме заедно, додава Јовановски.