четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ултрасите на Рома ги построија фудбалерите после срамниот дебакл (ВИДЕО)

Ултрасите на Рома ги построија фудбалерите после срамниот дебакл (ВИДЕО)

Италијанска Рома со Жозе Мурињо на кормилото вчера доживеаа невиден срам откако загубија со 1-6 на гостувањето кај Бодо Глимт, што е најтежок пораз во кариерата на контроверниот португалски стратег.

Иако дојдоа како фаворити, Бодо ја масакрираше „волчицата“, по што на ултрасите од Рим им се стемни пред очи. По мечот ги построија фудбалерите и им држеа лекција за катастрофата што ја приредија на омилениот клуб.

Допрва фудбалерите на Рома ќе имаат мака со жестоките навивачи, зашто тешко оваа рана ќе се залечи за брзо време.