вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер Јунајтед подготвува 85 милиони евра за Даглас Коста

Манчестер Јунајтед подготвува 85 милиони евра за Даглас Коста

Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 85 милиони евра за да го обезбеди потписот на бразилскиот фудбалер на Јувентус, Даглас Коста.

Во англиските медиуми пред неколку дена имаше вест дека менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо, бара крило за неговиот тим.  „Газаета дело спорт“ денеска објави дека Манчестер Јунајтед ќе му понуди на Јувентус сума од 85 милиони евра.

Во актуелната кампања, бразилската ѕвезда забележа 47 дуели за „бјанконерите“, во која зад своето име запиша 6 гола и 14 асистенции. Тој беше еден од главните играчи во освојувањето на седмото последователно Скудето за Јувентус.

МИА