петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Ограбени аптека, обложувалница и финансиско друштво во Скопје

Ограбени аптека, обложувалница и финансиско друштво во Скопје

На 27.10.2021 во 10:48 часот во СВР Скопје било пријавено дека во финансиско друштво на ул.„Методија Андонов Ченто“ едно лице со закана од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.10.2021 во 18:02 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на бул.„Јане Сандански“ едно лице со закана од вработениот одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.10.2021 во 20:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на ул.„Јани Лукровски“ едно лице со закана од вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.