вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Блинкeн ја предупреди Кина да се воздржи од еднострана акција против Тајван

Блинкeн ја предупреди Кина да се воздржи од еднострана акција против Тајван

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска му рекол на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји дека Вашингтон се противи на дејствијата на Пекинг, кои ги зголемуваат тензиите во Тајванскиот теснец, објавија странските новински агенции, повикувајќи се на извор од Стејт департментот.

На едночасовната средба на маргините на форумот на Г-20 во Рим, Блинкен изразил „кристално јасно“ дека „САД се против секој обид на Кина за еднострано менување на статус кво“.

Како што е посочено, САД сакаат да се справат со интензивното ривалство меѓу двете водечки светски економии, а „двете земји ја препознале важноста на отворените линии на комуникација меѓу нив“.