среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тетовец ограбил обложувалница, за пола саат го фатиле

Тетовец ограбил обложувалница, за пола саат го фатиле

Тетовските полицајци фатиле разбојник половина час по кражбата која ја направил во една од градските обложувалници.

Дваесетгодишникот кражбата ја извршил после 15.30 часот во спортска обложувалница на улица „113“ во Тетово.

-Околу 16 часот и 10 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот тетовец Л.Х., кој половина час пред тоа во спортска обложувалница на улица „113“ во Тетово насилно одзел парични средства, но, набрзо бил фатен. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен поднесок по член 236 од Кривичниот законик – информира Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Момчето ќе биде обвинето за сторено кривично дело „тешка кражба“.