понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

УЕФА донесе одлука за Рамос

УЕФА донесе одлука за Рамос

Капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос нема да добие санкција поради повредата која Мохамед Салах ја доби по дуелот со него за време на финалето во Шампиoнската лигата. Причината е едноставна – Ливерпул не поднесе жалба до УЕФА.

Европскиот фудбалски штаб официјално објави дека жалбата за таква казна никогаш не била предадена од Ливерпул и случајот не можел да се разгледа.

Сепак, имаше уште една жалба против Рамос за ударот со лакт против Лорис Кариус во 49-тата минута. И за неа шпанскиот дефанзивец нема да претрпи никаква казна. Се претпоставува дека одбивањето на УЕФА да го разгледа случајот е поради фактот дека пред предметната ситуација Вирџил ван Дајк од тимот на Ливерпул го турка Рамос во грбот, што доведе до губење на рамнотежа и подоцнежен удар против голманот на „црвените“.

Инаку Салах го напушти теренот со болки во рамото, откако падна на земјата по дуел со Рамос. Многумина фанови сметаат дека фудбалерот на Реал постапил намерно и дури организираа петиции за санкционирање на Шпанецот. Египетски адвокат пак се закани дека ќе го тужи Рамос за 1 милијарда евра.