сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Гутереш изрази загриженост поради изолацијата на земјите од јужна Африка

Гутереш изрази загриженост поради изолацијата на земјите од јужна Африка

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека е длабоко загрижен за изолацијата на земјите од јужна Африка, откако некои земји воведоа нови рестриктивни мерки во однос на патувањата поради новиот вид коронавирус – Омикрон.

– Ги повикувам сите влади да размислат за повторно тестирање на патниците, заедно со сите други соодветни и ефективни мерки, со цел да се избегне ризикот од пренесување на инфекцијата, рече Гутереш.

Генералниот секретар на ОН апелираше да се дозволат патувања од економски причини.