Здравко Савески, член на претседателството на Левица, во дебата со пратеникот од коалицијата на СДСМ Павле Богоевски на Канал 5 телевизија, истакна дека во моментов состојбата за обичниот граѓанин во државата не е подобрена.
„Газдите живот, живеат, но обичниот народ преживува“, вели тој.
Савески ѝ забележа на власт за растот на корупцијата, мешањето во судството од страна на власта и политичката одмазда.
Според него, граѓаните кои учествувале во протестите на „Шарената револуција“ останале изневерени и предадени.
Тој констатираше дека за време на „Шарената револуција“ едните протестирале за темелни промени во Македонија, додека другите протестирале за фотелји.
За оние кои што протестирале за фотелји вели Савески, целта е исполнета, но за оние кои протестирале за промени не.
-Ништо не се сработи за приоритетите на граѓаните, владата самата си делегирала проблемите, приоритет на граѓаните е решавање на економските проблеми на граѓаните, а не надворешната политика потенцира Савевски. Со вашата работа изминатава година вие самите се делегитимиравте, додаде тој.