среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен скопјанец во Штип, расчистени две тешки кражби

Приведен скопјанец во Штип, расчистени две тешки кражби

На 08.12.2021 околу 08.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Н.К.(44) од Скопје. Тој се барал со потерница поради постоење основи на сомнение дека е сторител на две кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на општина Гази Баба – Скопје.

При контрола во возилото „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 4.960 евра, разновиден златен накит, два мобилни телефона, а исто така, било одземено и возилото.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а по негови насоки и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.