вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Блинкен разговараше со колегите од Британија и Германија за ситуацијата околу Украина

Блинкен разговараше со колегите од Британија и Германија за ситуацијата околу Украина

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговараше за ситуацијата околу Украина со министрите за надворешни работи на Велика Британија и на Германија, Елизабет Трус и Аналена Бурбок, пред почетокот на средбата на шефовите на дипломатии од Г7 во Ливерпул, соопшти денеска портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.

– Државниот секретар Блинкен и министерката за надворешни работи Трус ја истакнаа важноста од продолжување на координирањето на акциите на САД и Велика Британија со цел да се спречи Русија од натамошна агресија врз Украина, истакна Прајс.

Тој додаде дека шефовите на дипломатии на САД и Германија „разговарале за поддршката за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина наспроти заканата од руска агресија и се согласиле дека е потребен решителен одговор во случај на ескалација од Москва“.

Средбата на министрите за надворешни работи на Г7 се одржува денеска и утре во Ливерпул.