недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава против скопјанец за „даночно затајување“

Кривична пријава против скопјанец за „даночно затајување“

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.В.(48) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Пријавениот, во текот на 2017 година, на своја денарска сметка во банка во 34 наврати уплатил 1.624.342 денари остварени како друг приход. За тој износ тој не поднел годишна даночна пријава и на тој начин одбегнал да плати данок на доход од 10% или 162.434 денари, сума за која го оштетил Буџетот на Република Македонија.