вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Се огласи и сопругот на Карлеуша, еве што имаше да каже Душко

Се огласи и сопругот на Карлеуша, еве што имаше да каже Душко

Адвокатот на Душко Тошиќ, сопругот на Јелена Карлеуша, изјави дека неговиот клиент не е виновен и дека немало насилство врз Јелена Карлеуша.

– Она што можеме да го кажеме е дека нашиот клиент не е виновен. Немаше насилство, нема елементи на какво било насилство. Сите што го познаваат знаат дека е семеен човек и угледен спортист – изјавил Никола.

На прашањето дали имало шамар, одговорот е:

– Доста кажавме, се е во ред, нема што друго да коментирам. Немаме ингеренции да зборуваме за деталите од постапката. Не навлегуваме во повеќе детали на таа тема“, заклучи адвокатот.

Инаку, семејно насилство во полиција пријавила Јелена Карлеуша, сопругата на поранешниот фудбалер Душко Тошиќ, на кого му е изречена забрана за приближување во траење од 48 часа.

Да потсетиме, ова не е прв пат Јелена да го пријави Душко во полиција. Имено, пејачката пред две години изјави дека Тошиќ психички ја малтретирал и дека и ја виткал раката, додека Душко сето тоа го негирал и рекол дека се расправале бидејќи имаат несогласувања во бракот. Пејачката подоцна се предомислила и не сакаше да го тужи, известува порталот „блиц“.

Најнови вести