четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Казни за Рома, Лацио и Јувентус

Казни за Рома, Лацио и Јувентус

Италијанските фудбалски клубови Јувентус и Рома мора да платат казни поради своите навивачи. Рома загуби од Милан со 3:1 а навивачите на „Римската Волчица“ беа обвинети дека го напаѓаат искусниот напаѓач со погрдни зборови за што клубот сега ќе мора да плати 25 000 евра.

Јувентус ќе мора да плати казна од 10 000 евра, поради непримерно скандирање кон навивачите на Наполи во дербито кое во Торино заврши 1:1.

Минимална казна доби и Лацио поради фрлена димна бомба во ремито со Емполи, тимот од Рим ќе мора да плати 2000 евра.