вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец уапсен на плоштадот „Скендербег“ – од угостителски украл ранец полн со пари,

Скопјанец уапсен на плоштадот „Скендербег“ – од угостителски украл ранец полн со пари,

На 09.02.2022 во 03.25 часот на плоштадот „Скендербег“ на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.К.(41) од Скопје.

Тој се сомничи дека во периодот од 01.50 до 02.50 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар одзел ранец со пари, лични предмети и документи од А.П.(20) од Скопје.

Кај пријавениот биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 238 од Кривичниот законик.