петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Бил професионален убиец на Ескобар: Ликвидирал 250 луѓе, во затвор бил 23 години, а еве со што се занимава сега (ВИДЕО)

Џон Хаиро Веласкез бил убиец од доверба на еден од најголемите трговци со дрога.
Бил професионален убиец на Ескобар: Ликвидирал 250 луѓе, во затвор бил 23 години, а еве со што се занимава сега (ВИДЕО)

„Јас сум професионален убиец. Убивам за пари. Убивав и од љубов и почитување кон Пабло Ескобар“, вели Џон Хаиро Веласкез попознат како Попај.

После 23 години во затвор професионалниот убиец реши да си ја „олесни душата“. Како што признава тој во својата „кариера“ убил 250 луѓе.

Тој сега е Јутјуб блогер со повеќе од 250.000 следачи. А неговата крвава приказна е преточена во книга, серии и филмови.

Џон Хаиро Веласкез бил убиец од доверба на еден од најголемите трговци со дрога.

Поради своите злосторства во затвор поминал 23 години и три месеци. Тој смета дека со тоа го платил долгот за своите злосторства.

-Со своја рака убив 250 луѓе. А од целата организација страдаа 50.000 луѓе. Јас сум експерт за тероризам, киднапирање и сите други видови на криминал, вели Веласкез.

Картелот на Ескобар е одговорен за илјадници и илјадници убиства, но покрај тоа и понатаму е популарен, неговите постери и графити може да се видат насекаде.