петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 137 Украинци досега загинале во руската офанзива, повредени 316 – Зеленски ги повика граѓаните да даруваат крв

Најмалку 137 Украинци досега загинале во руската офанзива, повредени 316 – Зеленски ги повика граѓаните да даруваат крв

Најмалку 137 Украинци загинале од почетокот на руската офанзива, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– 137 херои, наши сограѓани ги загубија животите, рече украинскиот лидер во видео порака објавена на социјалните мрежи и на веб-страницата на украинското претседателство.

Зеленски, исто така, рече дека во борбите биле повредени 316 Украинци.

Украинскиот министер за здравство Виктор Љашко претходно соопшти дека најмалку 57 лица загинале во тешки борби откако руските трупи ја нападнаа Украина.

Според него, во нападите се повредени 169 луѓе.

Тој го повика населението да дарува крв и додаде дека пациентите кои не се акутни случаи треба да се третираат како амбулантски пациенти што ќе спречи преоптоварување на болниците.