петок, 15. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Путин одговори на повикот на Зеленски: Русија е подготвена да испрати своја делегација на разговори со Украина

Путин одговори на повикот на Зеленски: Русија е подготвена да испрати своја делегација на разговори со Украина

Русија е подготвена да испрати своја делегација во Минск на разговори со Украина, изјави за новинарите, Димитриј Песков, прес-секретар на претседателот на Руската Федерација.

– Како што веќе знаете, денеска претседателот на Украина најави подготвеност да разговара за неутралниот статус на Украина. На почетокот претседателот Владимир Путин рече дека целта на операцијата е да помогне на ЛНР и ДНР, вклучувајќи и демилитаризација и денацизација на Украина. А тоа всушност е составна компонента на неутралниот статус. Во тој контекст, како одговор на предлогот на Зеленски, Владимир Путин е подготвен во Минск да испрати руска делегација составена од претставници од Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи и администрација на претседателот на преговори со украинската делегација, изјави Песков.