сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Фон дер Лајен: Ќе ја парализираме централната банка на Русија

Фон дер Лајен: Ќе ја парализираме централната банка на Русија

Европската унија ќе ги исклучи руските банки од меѓународниот финансиски систем, но и ќе го спречи рускиот претседател Владимир Путин да ги користи своите финансиски резерви за воени цели. „Ќе ги парализираме средствата на Централната банка на Русија. Ова ќе ги замрзне нејзините трансакции и ќе ја оневозможи Централната банка да ги продаде своите средства.

Ова го изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во изјавата со која ја потврдува европската намера да ги исклучи руските банки од системот SWIFT.

Дополнително, „ќе им забраниме на руските олигарси да ги користат нивните финансиски средства на нашите пазари. Сите овие мерки значително ќе ја оштетат способноста на Путин да ја финансира својата војна“, рече Фон дер Лајен. „Тие ќе имаат негативно влијание врз економијата.