четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОН: Во Украина загинале најмалку 102 цивили, повредени 304

ОН: Во Украина загинале најмалку 102 цивили, повредени 304

Најмалку 102 цивили се убиени во Украина од почетокот на руската инвазија во четвртокот наутро.

Повредени се 304 луѓе, но се верува дека вистинските бројки се значително повисоки, изјави високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Бачелет.

-Голем дел од овие цивили се убиени од експлозивни направи со широко делување, вклучително и од гранатирање од тешка артилерија и повеќенаменски ракетен систем, како и во воздушни напади. Вистинските бројки, стравувам дека се повисоки, истакна Бачелет.

– Приближно 422.000 Украинци ја напуштија својата татковина бегајќи од војната – рече таа на форум во Женева, пишува Јутарњи лист.