понеделник, 8. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски со порака до руските војници: Оставете го оружјето, спасете ги своите животи (ВИДЕО)

Зеленски со порака до руските војници: Оставете го оружјето, спасете ги своите животи (ВИДЕО)

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, им се обрати на руските војници во видео порака преку социјалните мрежи.

Тој ги повика руските војници да го положат оружјето и да дезертираат.

-Оставете го оружјето. Оставете ја опремата. Заминете одовде. Не им верувајте на вашите команданти. Не верувајте им на вашите пропагандисти. Спасете ги своите животи, рече Зеленски.

Тој се обрати и до Европската Унија и побара итен пристап на Украина во ЕУ.

-Бараме од Европската Унија итно да ја прифати Украина во нејзиното членство според нова, специјална процедура. Сигурен сум дека Украина го заслужи тоа и дека тоа е можно, рече украинскиот претседател.